Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2017

Германците од првото место во полуфинале, Чиле втор

Фудбалските селекции на Германија и на Чиле се пласираа во полуфиналето на Купот на конфедерациите во Русија.

Избраниците на Јоахим Лев го совладаа Камерун со 3-1 и од првото место во групата Б се пласираа во финалето, додека Чилеанците одиграа нерешено 1-1 со Австралија и завршија втори во групата Б.
Во првиот дел од натпреварот меѓу Германија и Камерун немаше голови, па прашањето на победникот беше решено во вториот дел.
Избраниците на Јоахим Лев поведоа во 48-мата минута со голот на Демирбај, а 15 минути подоцна Камерун заврши со десетмина на теренот бидејќи Мабука заработи црвен картон.
Веднаш следуваше казна и Вернер само две минути подоцна ја удвои предноста 2-0.
Во 78-мата минута од средбата, Абубакар лесно го матираше Тер Штеген и го намали водството на ривалот за надеж на Камерунците.
Натпреварот го реши Тимо Вернер со неговиот втор гол на натпреварот за победа.
Австралија требаше да победи со разлика од два гола и водеше во Москва од 42-рата минута, со погодокот на Џејмс Троизи, но бодот на Чиле во 67-мата минута му го донесе Мартин Родригес.
Чиле има пет бода и е втор зад Германија.
Австралија натпреварувањето го заврши со два бода, а Камерун со еден.
Се знаат паровите за полуфиналето, Португалија и Чиле ќе се сретнат во среда, а еден ден подоцна Германија и Мексико.

Најнови вести