Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2013

Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Камерун на Светското првенство

Репрезентацијата на Нигерија ја победи Етиопија со 2-0 во реванш-натпреварот од баражот на квалификациите и со тоа обезбеди пласман на Светското првенство 2014 година во Бразил.

Нигерија победи и во првиот натпревар одигран во Адис Абеба пред еден месец со 2-1.
Виктор Мозес, фудбалерот на Ливерпул, го постигна првиот гол во 20-тата минута од пенал, а Виктор Обина го постави конечниот резултат со погодокот во 82-рата минута.
Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се пласира на Светското првенство во Бразил 2014 година бидејќи во гости одигра 1-1 со Сенегал и славеше со конечен резултат од 4-2.
Сенегал поведе со голот на Муса Сов од пенал во 77-мата минута, а Брегот на Слоновата Коска изедначи во четвртата минута од продолжението преку Саломон Калу.
Натпреварот е одигран во најголемиот град на Мароко, Казабланка, бидејќи на Сенегал му е забрането да игра дома по минатогодишните нереди на стадионот.
Камерун со 4-1 го победи Тунис со головите на Вебо во 4 минута, Муканџо во 30-тата и двата на Макун во 66 и 86 минута. Акаичи во 51 минута им даде надеж на гостите од Тунис, но „лавовите“ со вкупен резултат 4-1 по двомечот обезбедија билет за Бразил.
Во африканските квалификации утре играат Египет и Гана (1-6 по првиот меч) и Алжир и Бурскина Фасо (2-3).

Најнови вести