Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2014

Ламуши ја напушти репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска

Сабри Ламуши, селекторот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска, ја напушти екипата откако не успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Бразил.

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска изгуби од Грција со 1-2 во третиот натпревар од групата Г, па натпреварувањето на Мундијалот го заврши во првата фаза. На составот од Брегот на Слоновата Коска му беше потребен еден бод за пласман во осминафиналето.
Договорот на Ламуши со Сојузот беше со важност до завршувањето на Светското првенство.
„Многу сум разочаран. Брегот на Слоновата Коска е фудбалска земја и ова беше одлучувачки натпревар. По толку работа и жртвување, сите сме многу тажни“, изјави Ламуши.
Поранешниот фудбалер на Оксер и на Монако во мај 2012 година ја презеде репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, што му беше прва тренерска работа.
Пред Ламуши, оставка поднесе и селекторот на Италија, Чезаре Прандели, откако неговата екипа не успеа да се пласира во осминафиналето по поразот од 0-1 од Уругвај.

Најнови вести