Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Нејмар обезбеди медал, Бразил во финале со Германија

Фудбалерите на Бразил обезбедија медал на Олимписките игри, се пласираа во финалето на турнирот.

„Селесао“ во полуфиналето убедливо го совлада Хондурас со 6-0 (3-0) на „Маракана“.
Првиот и последниот гол за Бразилците ги постигна Нејмар да Силва, најдобриот играч на тимот, а двократен стрелец беше и Габриел Жесус, напаѓачот на Палмеирас кого го бара пола Европа.
Во второто полувреме по еден гол постигнаа Маркињос, напаѓачот на ПСЖ, и Луан, напаѓачот на Гремио.
Нејмар, кој беше доста критикуван на стартот на турнирот по воведните две ремија без гол, покрај двата постигнати погодоци, беше и двократен асистент.
Во второто полуфинале вчера во Сао Пауло се сретнаа Нигерија и Германија, а германските фудбалери се пласираа во финалето со головите на Лукас Клостерман во деветтата минута и на Нилс Петерсен во 89-тата минута.
Финалето се игра во сабота од 20.30 часот на „Маракана“.

Најнови вести