Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2014

Кеши поднесе оставка, Јобо се повлекува

Стивен Кеши, селекторот на репрезентацијата на Нигерија, поднесе оставка на таа функција по елиминацијата од Франција во осминафиналето на Мундијалот.

„Пријатели, ни беше убаво и уживав во секој момент. Беше чест да се предводат ‘суперорлите’, но време е да се повлечам“, напиша на „Твитер“ 52-годишниот тренер, кој ја презеде Нигерија во 2011 година.
Освен тоа, од националниот тим се повлече и Џозеф Јобо, кој во поразот од Франција го одигра стотиот натпревар за репрезентацијата.
„Тоа е тоа. Можам да погледнам на својата кариера со гордост. Сакав да си одам во висок стил, поразот од Франција не е баш таков, но задоволен сум со сето тоа што го направив за националниот тим. Време е младите да добијат шанса“, изјави 33-годишниот Јобо.
Нигерија во осминафиналето изгуби од Франција со 2-0.

Најнови вести