Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.6.2016

Ненадејна смрт на селекторската легенда на Нигерија

Некогашниот репрезентативец и селектор на Нигерија Стивен Кеши почина на 54-годишна возраст, соопшти Националниот фудбалски сојуз на Нигерија.

Како што пренесоа локалните медиуми, Кеши починал од срцев удар. 
Кеши настапуваше за бројни африкански клубови, додека во Европа играше за Локерен, Андерлехт и Стразбур. За репрезентацијата на Нигерија настапи 64 пати.
Тој тренерската кариера ја помина како селектор на Того и Мали, а последната работа ја имаше во Нигерија, каде минатата година беше отпуштен од местото селектор по четири години. 
Кеши е само еден од двајцата кои го освои Купот на африканските нации како играч и како селектор.

Најнови вести