Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2013

Светско првенство 2014: Познати сите учесници

Со ремито без голови на Уругвај со Јордан (5-0 по првиот меч) на домашен терен одлучен е и последниот учесник на 20-тото Светско фудбалско првенство.

Двократниот шампион на светот ја потполни групата од 32 најуспешни од 206-те нации кои се членки на ФИФА.
Квалификациското натпреварување го почнаа 203 нации, Бразил како домаќин е автоматски учесник, а од натпреварувањето се откажаа Мавританија и Гуам. Одиграни се 820 натпревари, а постигнати се 2.353 голови, последниот го постигна Мексико минатата ноќ на Нов Зеланд во победата од 4:2 (9:3 вкупен резултат).
Ждрепката за групите на Мундијалот ќе се одржи на 6 декември во Салвадор, а Иако деталите за ждребањето сè уште не се познати, извесно е дека Бразил и седумте најсилни тимови според списокот на ФИФА за октомври ќе бидат во првиот шешир, а пракса е останатите екипи да се извлекуваат според географската припадност, а не според местото на списокот.
Носители ќе бидат:

Бразил, Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Уругвај и Швајцарија.

Преостанатите 24 селекции се:

Јужна Америка: Чиле, Еквадор

Азија: Јапонија, Австралија, Иран, Јужна Кореја

Европа: Холандија, Италија, Русија, Босна и Херцеговина, Англија, Грција, Хрватска, Португалија, Франција

Африка: Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Нигерија, Гана, Алжир

Северна Америка: САД, Мексико, Костарика, Хондурас

Најголеми баксузи се Португалците, кои на ноемврискиот список на ФИФА ќе бидат петти на светот, но тоа е доцна да бидат меѓу носителите во ждрепката.
Единствен дебитант на дваесеттата светска смотра на фудбалот ќе биде Босна и Херцеговина. И не само тоа, никој не игра втор Мундијал во историјата. Трет пат меѓу најдобрите се: Грција, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Хондурас.
Бразил е единствениот кој играл на сите 20 турнири. Потоа следуваат Германците и Италијанците со по 18 (двата тима го пропуштија првото и првенството после Втората светска војна). Аргентина игра шеснаесетти пат, а Мексико усДодадипеа да се избори за петнаесетто учество.

Најнови вести