Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2014

Грција со пенал во 93-та минута се пласираше во нокаут фазата

Јоргос Самарас, стрелецот на победничкиот гол за Грција, изјави дека е горд на својата репрезентација по триумфот и пласманот во осминафиналето на Мундијалот.

„Ова ми значи многу, многу ни значи нам... Имавме енергија. Ние сме тим, тоа е тоа“, изјави Самарас.
Грција со голот од пенал во третата минута од судиското продолжение го победи Брегот на Слоновата Коска со 2-1 и во директниот дуел за пласман од групата Ц се пласира во наредната рунда на Мундијалот.
„Од себе дадовме сè што имавме да дадеме, навистина сме горди на тоа што го постигнавме. Горд сум на тимот и се надевам дека со овој успех изнудивме насмевки кај луѓето во Грција“, додаде Самарс.
Според него, Грција заслужено се пласирала во осминафиналето.
„Мислам дека го контролиравме натпреварот во поголемиот дел, поведовме, имавме неколку пречки... Се обидовме да победиме во последните 15-тина минути, одевме на сè или ништо бидејќи знаевме дека мораме да се пласираме во следната рунда“, изјави Самарас.
Грција во осминафиналето ќе игра против Костарика.

Најнови вести