Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2013

Дел Боске ги повика Касилјас и Торес за Купот на конфедерациите

Висенте дел Боске, селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, го состави прелиминарниот список од 26 играчи за Купот на конфедерациите во Бразил, на кого се наоѓаат Икер Касилјас, голманот на Реал Мадрид, и Фернандо Торес, напаѓачот на Челзи.

Икер Касилјас, голманот кој во Реал дојде уште како момче и со текот на времето стана икона на клубот, оваа сезона нема да ја памети по добро. Најпрво тренерот Жозе Мурињо го остави на клупата, а кога се врати пред голот, го скрши палецот. По закрепнувањето не успеа да се врати на местото прв голман, кое го зазеде Диего Лопес.
Иако во последно време Касилјас не бранеше, шпанскиот селектор и понатаму го третира како еден од клучните играчи.
Торес, пак, се врати во националната екипа благодарение на многу добрите партии во дресот на Челзи во последно време.
Давид де Хеа, Иско и Тијаго Алкантара не му се достапни на Дел Боске за Купот на конфедерациите бидејќи ќе настапуваат за младинската репрезентација на Европското првенство во Израел.
Купот на конфедерациите ќе почне на 15-ти јуни. Шпанија се наоѓа во групата во коа се уште Уругвај, Тахити и Нигерија.
Списокот на Дел Боске за Купот на конфедерациите:
Голмани: Касилјас (Реал Мадрид), Реина (Ливерпул), Валдес (Барселона).
Одбранбени играчи: Монреал (Арсенал), Жорди Алба (Барселона), Албиол (Реал Мадрид), Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Аспиликуета (Челзи), Арбелоа (Реал Мадрид).
Играчи за врска: Иниеста (Барселона), Касорла (Арсенал), Бускетс (Барселона), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Чави Ернандес (Барселона), Хави Мартинес (Баерн Минхен), Хави Гарсија (Манчестер сити), Бењат (Бетис).
Напаѓачи: Мата (Челзи), Силва (Манчестер сити), Сеск Фабрегас (Барселона), Педро (Барселона), Хесус Навас (Севилја), Вилја (Барселона), Фернандо Торес (Челзи), Солдадо (Валенсија).

Најнови вести