Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2012

Клатенбург ослободен од обвинението, можна казна за Микел

Англиската Фудбалска асоцијација ги отфрли обвиненијата на сметка на судијата Марк Клатенбург, кој беше пријавен од Челзи за наводна расистичка навреда.

По ситуацијата на натпреварот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед (2-3) лондонскиот клуб го пријави судијата поради наводна расистичка навреда која му ја упатил на нивниот фудбалер Микел. Но, англиската федерација, исто како и порано лондонската полиција, го ослободи Клатенбург во овој случај.
Од самиот почеток на случајот Клатенбург се изјасни дека е невин, а тоа и го потврди Фудбалската асоцијација на Англија.
Но, сега ситуацијата е сменета и ФА сака да го казни фудбалерот на Челзи кој беше вмешан во овој случај. Се истражуваат навредите кои ги упатил Микел по натпреварот, па наместо казна за Клатенбург, можна е дисциплинска мерка за фудбалерот на „сините“.
Од лондонскиот клуб изјавија дека ја прифатиле ваквата одлука и нема да се жалат.

Најнови вести