Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2015

Микел: Промената на менаџерот го поправи расположението

Фудбалерот на Челзи Џон Оби Микел призна дека отказот на менаџерот Жозе Мурињо и доаѓањето на Гус Хидинк позитивно влијаат на атмосферата во екипата.

Челзи по промената на Португалецот го совлада Сандерленд со 3-1, па ремизираше со Ватфорд со резултат од 2-2, а исто така и со Манчестер јунајтед со резултат од 0-0.
„Сега е сè во ред и се надевам дека ќе почнеме со подобри резултати. Жозе е одличен стручњак, но не е секогаш и таков човек. Фудбалот е понекогаш многу сурова игра и мораш да продолжиш понатаму. Ќе видиме дали неговото заминување беше вистински потег“, изјави Микел.
Повратникот на клупата на „сините“ Хидинк го водеше тимот против Јунајтед и Ватфорд, па шансата за вистински триумф ќе имаат на 3-ти јануари против Кристал палас.
„Гус не промени многу работи, не сме без причина на долниот дел од табелата, не можеме да направиме чудо, но сакаме да го подобриме пласманот. Три натпревари не загубивме и со тоа направивме мало поместување“, наведе фудбалерот од Нигерија.
Фудбалерите на Челзи се наоѓаат на 14-тото место на табелата во Премиер лигата со 20 освоени бодови.

Најнови вести