Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2012

Полицијата ги отфрли обвиненијата против Клатенбург

Лондонската полиција ги отфрли сите обвиненија против англискиот судија Марк Клатенбург за наводно расистичко навредување на Џон Оби Микел во натпреварот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед минатиот месец.

„Испитувањата се направени, но немаме виновник. Доколку ситуацијата се промени и виновникот или доказот се појават, тогаш ќе преземеме нови чекори во истрагата за решавање на овој проблем. Меѓутоа, засега не постојат никакви докази дека судијата Клатенбург на кој било начин на расна основа го навредил фудбалерот на Челзи – Џон Оби Микел“, стои во соопштението за јавноста на полицијата.
По ваквата одлука, се огласи и претседателот на клубот од Лондон, Брус Бак:
„Реакциите на јавноста ни најмалку не се коректни ниту кон нас ниту кон Микел. Не одевме за одмазда или што било слично по натпреварот, туку едноставно го следевме правилникот на Фудбалскиот сојуз на Англија, во кој пишува: Учесникот во натпреварот е должен веднаш на Сојузот да му пријави каков било инцидент кој би можело да се смета за навредлив“, вели Бак.
„Разговарав со Микел по натпреварот и го прашав неколку пати дали е сигурен во тоа што се случи. Го прашав дали можеби го заменил зборот „monkey“ (мајмун) со Микел. Меѓутоа, беше сто отсто сигурен во тоа што го слушнал, па врз основа на тоа донесовме одлука да го пријавиме Клатенбург“, заклучи претседателот на Челзи.
Откако полицијата ги отфрли обвинувањата, на Клатенбург му преостанува да ја чуе одлуката на Фудбалскиот сојуз. Доколку ФА пронајде доказ дека Микел навистина го нарекол мајмун, Клатенбург ќе биде засекогаш исфрлен од судиската организација.

Најнови вести