Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2013

Селекторот на Нигерија ја повлече оставката

Стефан Кеши, 51-годишниот селектор на Нигерија, кој во неделата по освојувањето на Африканскиот куп на нациите поднесе оставка, се премисли и ја повлече таа одлука.

Кеши објасни дека го решил недоразбирањето со Нигериската фудбалска федерација.
„Поразговаравме околу сè и сега со задоволство објавувам дека ќе продолжам да работам како селектор“, рече Кеши.
Тој му се заблагодари и на министерот за спорт на Нигерија, кој интервенираl во недоразбирањето со Националната федерација.
Кеши, кој ја презеде Нигерија во ноември 2011 година, има четиригодишен договор со репрезентацијата, а ова е прв трофеј на „орлите“ од 1994 година кога го освоија вториот трофеј на африканското првенство.
Тој е едниот од двајцата во историјата на африканскиот фудбал, по Египќанецот Махмуд Ал-Гохари, кому му тргнало од рака и како играч и како селектор да го освои овој трофеј. Кеши како репрезентативец на Нигерија го освои Купот на африканските нации во 1994 година.

Најнови вести