Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Тери подготвен против Спарта, Луиз во аут

Џон Тери, капитенот на фудбалерите на Челзи, се наоѓа во составот кој ќе конкурира за првата средба од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, на гости кај Спарта од Прага, кој на распоредот е денес.

Тери го пропушти последниот премиерлигашки натпревар на Челзи против Виган поради воспаление на коленото, но отпатува во Чешка, заедно со Гери Кејхил, кој, исто така, изостана минатиот викенд.
Привремениот менаџер на екипата Рафа Бенитес нема да може да смета на услугите на бразилскиот стопер Давид Луиз поради акумулираните жолти картони, како и на Демба Ба, кој нема право да настапи бидејќи во тоа натпреварување веќе ги бранеше боите на Њукасл.
Челзи, исто така, е ослабен и за Џон Оби Микел и Виктор Мозес, кои само што се вратија во клубот откако ѝ помогнаа на Нигерија да ја освои титулата на Африканскиот куп на нациите.

Најнови вести