Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2013

Питроипа сепак ќе игра во финалето на Купот на африкански нации

Напаѓачот на Буркина Фасо, Џонатан Питроипа, ќе игра во финалето и покрај црвениот картон кој го доби во полуфиналниот натпревар против Гана.

Судијата од полуфиналето се извини поради грешките, па Африканската фудбалска федерација му дозволи настап на Питроипа во финалето. Напаѓачот беше исклучен во 119 минута поради втор жолт картон поради симулирање и покрај очигледен прекршок над него. Судијата му покажа втор жолт картон затоа што наводно напаѓачот на Рен сакал да одглуми пенал.
Буркина Фасо сепак се пласираше во финалето по подобро изведување пенали.
По натпреварот, Африканската фудбалска федерација го суспендираше судијата Ж’диди поради грешки и лошо судење на тој натпревар.
„Сите сфатија дека судијата не заврши добра работа. Ми кажа дека исклучувањето било погрешно и дека згрешил“, изјави претседателот на АФФ, Иса Хајату.
Буркина Фасо во финалето утре ќе игра против Нигерија во Јоханесбург, а натпреварот почнува во 19 часот.

Најнови вести