Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2012

Микел потпиша нов петгодишен договор со Челзи

Џон Оби Микел, 25-годишниот фудбалер, потпиша нов петгодишен договор со Челзи, кој со лондонскиот клуб го врзува до 2017 година.

Микел во 2006 година од норвешкиот Лин, како тинејџер, дојде во Челзи. Не му требаше многу време да се докаже во новата средина, каде што веќе неколку сезони е стандарден играч во линијата за врска.
„Овде сум речиси шест години и кога некој ќе ме праша каде ми е домот, јас одговарам Челзи. Мило ми е што и понатаму останувам овде, лично ниту бев за некаква друга опција. Им се радувам на новите предизвици и продолжението на соработката“, рече Микел по потпишувањето на договорот и додаде:
„Минатата сезона беше посебна бидејќи седнавме на тронот на Европа. Не може да се опише чувството да се победи и да се слави по финалето во Минхен. Се надевам дека во Челзи повеќе пати ќе доживеам такви и слични моменти“, заврши Микел.
Челзи нема да може да ја брани европската круна откако заврши на третото место во групата Е зад Јувентус и Шахтјор, па ќе мора да се задоволи со пласман во Лигата на Европа.

Најнови вести