Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2012

Микел суспендиран на три натпревари поради Клатенбург

Нигерискиот фудбалер во Челзи, Џон Оби Микел, е казнет од клубот со неиграње на три натпревари поради својата улога во скандалот кој изби по наводната расистичка навреда од судијата Марк Клатенбург.

Клатенбург беше обвинет дека на премиерлигашката средба меѓу Челзи и Манчестер јунајтед (2-3) одиграна на 28 октомври фудбалерот на Челзи го нарекол „мајмун“. Инцидентот привлече големо внимание од медиумите и беше покрената истрага, но прво полицијата поради недостаток на докази ги отфрли обвиненијата, а потоа истото го направи и англиската Фудбалска асоцијација.
По крајот на споменатиот натпревар фудбалерот на Челзи влетал во судиската соблекувална и се соочил со Клатенбург околу наводниот расистички испад. Микел подоцна призна дека користел навредувачки и заканувачки зборови по што е казнет парично со 60.000 фунти од ФА.
Истражната комисија на ФА оценила дека за време на инцидентот Микел верувал дека Клатенбург го навредил на расна основа, и токму поради таа олеснителна околност се спасил од добивање потешка казна.

Најнови вести