Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Руни остана без возачката дозвола

Судот во Англија денес му ја одзел возачката дозвола на Вејн Руни, фудбалерот на Евертон, на две години бидејќи поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија ги прифатил обвиненијата за возење под дејство на алкохол.

Полицијата го привела Руни во Вилмслоу во раните утрински часови на први септември поради возење во алкохолизирана состојба. Поранешниот капитен на англиската репрезентација,исто така, ќе мора да одработи и сто часа принудна работа во наредните 12 месеци, одлучи Судот во Стокпорт. Руни ќе мора да плати и 170 фунти за судски трошоци. 
Тој е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Англија со 53 гола.
Репрезентативната кариера ја заврши на крајот на август, иако не играше за државниот тим од ноември минатата година, од победата против Шкотска со 3-0 во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Руни го изгуби местото во репрезентацијата кога го изгуби местото во тимот на Манчестер јунајтед. Минатата година постигна само осум голови во сите натпреварувања, а ова лето направи трансфер во Евертон.

Најнови вести