Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2015

Ван Хал не се појави на вчерашниот тренингот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Хал, не се појави на тренингот на својот тим во Карингтон, ден по четвртиот пораз по ред на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед во саботата беше поразен од Стоук со 2-0 и тоа беше седми по ред натпревар на кој избраниците на Ван Хал не успеаја да дојдат до триумф.
Во отсуство на Ван Хал, за кое во моментов на се знае точната причина, неговиот помошник Рајан Гигс го водеше тренингот на Јунајтед.
Иако во последните седмици се шпекулираше за заминувањето на Луис ван Хал од „Олд Трафорд“, тоа што го пропушти тренингот не мора да значи дека тој се наоѓа на излезната врата. Меѓутоа, англиските медиуми на големо пишуваат дека е извесно дека Гигс ќе го наследи холандскиот стручњак до крајот на сезоната, а потоа ќе се најде трајно решение во зависност од резултатите.
Јунајтед следниот натпревар го игра денес каде на „Олд Трафорд“ го дочекува Челзи во 18:30 часот, а тој дуел би можел да донесе многу одговори.

Најнови вести