Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2015

Барселона во Пјаниќ гледа замена за Чави

Фудбалскиот клуб Барселона наводно сака да го донесе Миралем Пјаниќ од Рома, кого го гледа како наследник на Чави Ернандес, пренесуваат италијанските медиуми.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е во одлична форма оваа сезона, досега постигна осум голови на 13 натпревари во сите натпреварувања, а следниот дуел ќе го има токму утре против Барселона во Лигата на шампионите.
Според пишувањето во „Газета дело спорт“, Барселона веќе извесен период го следи Пјаниќ, кого тренерот на каталонскиот клуб Луис Енрике добро го познава со оглед на тоа што му беше тренер во Рома во сезоната 2011/12.
Исто така се наведува дека Барселона ова лето ќе се обиде да го донесе во свите редови, а понудата би била вредна 40 милиони евра. Пјаниќ има уште три години до истекот на договорот, а годишно заработува четири милиони евра. 

Најнови вести