Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2015

Серија Б: Зелени картони за фер плеј

Судиите во италијанската Серија Б од денес покрај жолтите и црвените картони, фудбалерите ќе ги стимулираат со зелени за почитувањето на фер плејот.

Серија Б со ова станува прва професионална лига која го воведе овој начин на стимулација на фудбалерите.
Зелените картони нема да бидат покажувани во текот на мечот, туку судијата на крајот на натпреварот ќе го запише името на фудбалерот кој се истакнал со фер плеј.
Зелен картон ќе добие и играчот кој на натпреварот ќе признае дека се обидел да добие пенал со симулирање.
Фудбалерите кои на крајот на сезоната ќе соберат најголем број зелени картони ќе бидат наградени.

Најнови вести