Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2015

Волфсбург го доведе Дракслер на местото на Де Бројне

Јулијан Дракслер, репрезентативецот на Германија и досегашен фудбалер на Шалке, е нов играч на Волфсбург.

Клубот од „Фолксваген арената“ за Дракслер платил околу 26 милиони евра, плус шест милиони кои на тимот од Гелзенкирхен ќе му ги исплати низ бонуси.
Хорст Хелт, генералниот директор на Шалке, за официјалната интернет-страница на клубот изјави дека тоа е најголема понуда за некој играч на Шалке откако тој е во клубот.
Дракслер во текот на летниот преоден рок често беше поврзуван со италијанскиот Јувентус, но младиот играч за врска избра да остане во Бундеслигата. Тој во текот на вчерашниот ден го заврши првиот тренинг со новите соиграчи.
Јулијан Драклсер е освојувач на Светското првенство 2014 година во Бразил, а потекнува од Шалке и за првиот тим на „рударите“ одигра 118 натпревари и постигна 18 голови.
Тој меѓу „волците“ ќе го замени Кевин де Бројне, кој за 45 милиони фунти го засили Манчестер сити.

Најнови вести