Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2015

Пике суспендиран на четири натпревари

Жерар Пике, дефанзивниот играч на Барселона, е казнет со суспензија на четири натпревари поради навредување на помошниот судија во вториот натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.

На Пике казната му ја изрече Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија.
Тој доби директен црвен картон во 55-тата минута поради тоа што вербално го навредуваше судијата, пцуејќи ја неговата мајка, а во меѓувреме тој го демантираше тоа.
Барселона одигра нерешено 1-1 со Билбао, но е поразена со вкупен резултат од 5-1, по 4-0 на „Сан Мамеш“.
Пике ќе мора да го пропушти гостувањето токму кај Билбао во недела, натпреварот против Атлетико Мадрид на 12-ти септември, како и домашните средби против Малага и Леванте.
Пике, кој судејќи според записникот на главниот судија Веласко Карвалјо, тешко го навредил помошниот арбитер, негираше дека на кој било начин го навредил судијата – иако милиони гледачи преку малите екрани можеа да се уверат во спротивното.
„Сакам да се извинам поради ставот што го зазедов протестирајќи кај линискиот судија. Се работи за натпревар со покачени тензии. Сепак, не ги упатив навредите коишто ми се припишуваат“, изјави Пике преку „Твитер“.
Каталонскиот клуб најави дека ќе поднесе жалба на суспензијата на играчот.

Најнови вести