12.8.2015 Шаќири го урна рекордот на Стоук
Фудбалерот од средината на теренот на Интер, Џердан Шаќири, потпиша договор со англискиот премиерлигаш Стоук.
Како што е соопштено на официјалниот сајт на англискиот клуб, швајцарскиот репрезентативец е платен 17 милиони евра, што е нов клупски трансфер рекорд. Претходниот рекорд е трансферот на Питер Крауч кој во 2010 година дојде од Тотенхем за 14 милиони евра.
Дваесет и тригодишниот Шаќири потпишал договор до 2020 година.
Швајцарецот во зимскиот преоден рок прејде од Баерн Минхен во Интер, но не се прослави во вториот дел од минатата сезона и тренерот Роберто Манчини се реши да го продаде.
Шаќири би можел да дебитира за Стоук следниот викенд против Тотенхем.