Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2015

Ван Перси ќе потпише за Фенербахче

Холандскиот репрезентативец Робин ван Перси ги помина медицинските прегледи во Истанбул и останува уште да потпише со Фенербахче.

Со тоа турскиот тим во рок од седум дена ќе доведе две засилувања од Манчестер јунајтед, откако претходно го купи Нани.
Фенербахче за Португалецот плати шест милиони евра, а за Холанѓанецот ќе издвои 6,5 милиони, пренесуваат турските медиуми.
Тој со турскиот тим ќе потпише тригодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Ван Перси пред три години дојде во Јунајтед за 30 милиони евра од Арсенал, две сезони беше прв стрелец на тимот, но во минатата постигна само десет голови и ја изгуби довербата кај Луис ван Хал.

Најнови вести