24.6.2015 Микел по девет години го напушта Челзи
Нигерискиот фудбалер Џон Оби Микел ова лето сака да го напушти Челзи, пренесе „Скај спорт“.
На Микел, кој минатата сезона во Премиер лигата само 18 пати беше во стартните 11, наводно му било кажано дека Жозе Мурињо и понатаму смета на него, но дека и покрај тоа, тој е незадоволен од минутажата и сака да си оди.
Во Челзи не сакале да ги коментираат овие сознанија на „Скај спорт“. Местото во првиот тим на Микел минатата сезона му го ограничија Немања Матиќ и Сеск Фабрегас, коишто играа една од водечките улоги во освојувањето на титулата во Премиер лигата.
Микел во Челзи стигна во 2006 година од норвешкиот Лин, а досега за клубот од „Стемфорд бриџ“ одигра 224 натпревари.