02.12.2014 Гудјонсен се враќа во Болтон
Ејдур Гудјонсен, поранешниот репрезентативец на Исланд, се враќа во фудбалот, повторно ќе потпише за Болтон.
Некогашниот одличен напаѓач во последно време тренираше со Болтон, а според информациите од Англија, го импресионирал стручниот штаб.
По завршените епизоди во Челзи и во Барселона, последните две и пол години ги помина во Белгија, играјќи за Серкл Бриж и за Клуб Бриж.
Тој вчера играше за младинскиот тим против Мидлсборо, а би требало да биде подготвен за дуелот на првиот тим со Ридинг следниот викенд.
Гудјонсен за репрезентацијата на Исланд одигра 78 натпревари и постигна 24 голови.