Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2012

Ветеранот Гудјонсен во Серкл Бриж

Исланѓанецот Ејдур Гудјонсен потпиша едногодишен договор со белгискиот фудбалски клуб Серкл Бриж.

Триесет и четиригодишниот напаѓач Гудјонсен успешно ги помина лекарските прегледи во моментно последнопласираниот клуб во белгиското првенство и како слободен играч потпиша договор до крајот на тековната сезона.
Поранешниот играч на Барселона во кариерата промени дури 11 клубови, а Серкл Бриж му е 12-ти. Исланѓанецот, меѓу останатите, играше за ПСВ, Болтон, Челзи, Монако, Тотенхем и Фулам, а минатата сезона беше во грчкиот АЕК. За негова жалост, ја скрши ногата во натпреварот од шестото првенствено коло во Грција и за него сезоната беше завршена.