Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2012

Кејхил потпишува за Челзи

Челзи ја засили својата одбрана со Гери Кејхил, репрезентативецот на Англија и довчерашен член на Болтон.

Двата клуба се договорија, а англиските медиуми шпекулираат дека „сините“ за овој централен дефанзивен играч ќе платат седум милиони евра, откако еден ден претходно со играчот се договорија околу личните услови.
„Гери е одличен фудбалер, со одлични квалитети и техника за еден централен дефанзивен играч, а тоа е токму она што го бараме и со него во тимот добиваме уште поголема сигурност во дефанзивата“, рече португалскиот стратег Андре Вилаш-Боаш.
Се очекува дваесет и шестгодишниот фудбалер уште наредното коло да го има своето деби, а со доаѓањето на овој играч на „Стемфорд бриџ“, деновиве тимот ќе го напушти бразилскиот одбранбен играч Алекс.

Најнови вести