Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2014

Шалке до крајот на годината без Дракслер

Јулијан Дракслер, фудбалерот на Шалке, ќе отсуствува од теренот до крајот на годината поради тешка повреда, објави германскиот бундеслигаш.

Репрезентативецот на Германија и член на тимот кој во Бразил ја освои светската шампионска титула ја скина тетивата на првенствениот натпревар во петокот против Аугсбург (1-0) и му претстои операција.
Хорст Хелт, спортскиот директор на Шалке, изјави дека Дракслер ќе може да игра дури по јануарската зимска пауза.
Клубот од Гелзенкирхен моментно се наоѓа на осмото место на табелата на Бундеслигата, а утре гостува кај Спортинг во Лисабон во натпревар од Лигата на шампионите.

Најнови вести