27.8.2011 Фенербахче бара да игра во втора лига
Турскиот шампион Фенербахче бара од Фудбалската федерација на Турција да го исфрли од првата во втората лига.
„Нашите фудбалери доброволно ќе одиграат една сезона во втората лига“, изјави потпретседателот на Фенербахче, Али Коч, и најави дека официјално ќе бара префрлање во втората лига.
Тоа е одговорот на клубот од Истанбул по последните акции на турската федерација, која под притисок на УЕФА му го одзеде местото во Лигата на шампионите и ја одби жалбата за суспензија на таа одлука, по што во најквалитетното европско натпреварување се пласираше Трабзонспор, ланскиот вицешампион.
Суспензијата на Фенербахче е резултат на аферата во која шампионот беше обвинет дека учествувал во местење на резултати, но вината досега не е докажана затоа што истрагата уште е во тек.