Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2014

Ерера: Најсреќниот ден во животот

Мигел Ерера, селекторот на Мексико, изјави дека пласманот во осминафиналето на Светското првенство бил најсреќниот ден во животот.

Мексико со одлична игра ја совлада Хрватска со 3-1 и се пласира во нокаут-фазата на Мундијалот, каде што ќе игра против Холандија.
„Веднаш реков дека мораме да зборуваме само на теренот, а овие млади луѓе тоа го направија одлично. Ова е најсреќниот ден во мојот живот “, изјави Ерера.
Ерера, кој го презеде Мексико пред двомечот од баражот за пласман на Мундијалот, на претходните три натпревари секогаш играше со истата постава, во нападот недопирливи се Дос Сантос и Пералта, но Чичарито се наметна со голот.
„Хавиер заврши одлична работа, ја чуваше топката, ги подигна соиграчите и постигна гол. Задоволен сум со играта на целиот тим, не само на еден играч. Секој во оваа селекција може да биде во првите 11 против Холандија. Чичарито одлично го одигра натпреварот, поради тоа е во составот. Но тој не е единствен, туку е важен целиот тим“, додаде Ерера.

Најнови вести