Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2014

Гигс: Баерн е фаворит, но ние сме Манчестер јунајтед

Рајан Гигс, легендата на Манчестер јунајтед, за британските медиуми изјави дека не постои никаков судир меѓу него и менаџерот Дејвид Мојс.

Велшанецот воедно ги демантираше шпекулациите дека следната сезона ќе го наследи Шкотот на тренерската позиција.
„Имаме добар однос. Немам никаков проблем со тренерот. Очигледно е дека сешто се зборува, но навистина не знам од каде доаѓаат тие информации“, изјави Гигс.
Гигс изјави дека не играше често во последно време, но дека без оглед на тој факт, секогаш е спремен да им помогне на своите соиграчи и да го даде својот максимум.
„Секој играч сака да игра што повеќе, да го игра секој натпревар, но тоа е невозможно. Последниот пат кога играв, воедно тоа беше и прв пат во последните шест-седум седмици, но тоа не значи дека треба да бидам навреден поради тоа. Мое е да излезам на теренот и да дадам сè од себе“, додаде Гигс.
Фудбалерот на Јунајтед изјави дека неговата екипа ќе го даде својот максимум против Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите, како и дека верува во победа, иако Баерн е фаворит.
„Баерн е фантастичен, силен тим. Тие веројатно се фаворити во очите на повеќето, но ние сме Манчестер јунајтед, играме на ’Олд Трафорд’, ова е четврт-финале, и ние веруваме дека можеме да оствариме добар резултат. Ќе биде тешко, тоа е сигурно, но секогаш е така во завршницата на Лигата на шампионите“, изјави Гигс. 
Првиот дуел од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу овие две екипи на програмата е вечерва од 20.45 часот, а реваншот ги очекува на деветти април во Минхен.

Најнови вести