04.3.2014 Ди Франческо се врати на клупата на Сасуоло
Фудбалскиот клуб Сасуоло го врати Еузебио ди Франческо за тренер, откако поради лошите резултати го отпушти Алберто Малезани.
Малезани е отпуштен по поразот (0-1) од Парма во неделата, што беше петти последователен пораз на Сасуоло во првенството.
Ди Франческо минатата сезона ја освои титулата во Серија Б и за прв пат во клупската историја на Сасуоло му обезбеди пласман во елитното натпреварување. Тој беше отпуштен во јануари, кога го замени Малезани.
По 26 кола, Сасуоло е последен на табелата со 17 бодови, има два помалку од претпоследната Катанија и четири помалку од Ливорно и Киево. Од Серија А на крајот на сезоната ќе испаднат три клуба.