Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2014

Бразилецот Вендел од лето во Леверкузен

Вендел, фудбалерот на бразилскиот Гремио, од следната сезона ќе игра за германскиот Баер од Леверкузен, потврди бундеслигашот.

Вендел со Баер потпиша петгодишен договор, а финансиските детали не се објавени.
„Се работи за многу талентиран играч кој може да ѝ помогне на екипата. Знаеме дека тој може да ја продолжи традицијата на добри фудбалери од Бразил коишто играле за Леверкузен“, изјави Руди Фелер, спортскиот директор на Баер.
Меѓу бројните Бразилци коишто во минатото играа за тимот од Леверкузен се: Жоржињо, Зе Роберто, Лусио, Хуан, Пауло Сержо и Емерсон.
Новиот играч на „фармацевтите“, Вендел има 20 години и игра на позицијата лев бек.

Најнови вести