Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2014

Дефо од Тотенхем ќе замине во Торонто

Англискиот репрезентативец и напаѓач на Тотенхем, Џермејн Дефо, ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС и ќе го носи дресот на Торонто.

Тотенхем вчера го потврди трансферот на триесет и едногодишниот Дефо кој во Лондон ќе остане до 28 февруари по што ќе се пресели во Торонто. Според англиските медиуми Канаѓаните за напаѓачот ќе платата отштета околу десет милиони евра што е рекорд за МЛС.
„Сите знаат колку ми значи овој клуб. Ќе играм со цело срце за Тотенхем до последниот шут“, изјави Дефо по потврдата на трансферот.
Искусниот напаѓач кариерата ја почна во Чарлтон од каде прејде во Вест хем. Во Тотенхем првпат дојде во јануари 2004 и остана до сега, со исклучок на една година која ја помина како позајмен фудбалер во Портсмут.
Торонто неодамна го потврди доаѓањето и на доскорешниот фудбалер од средината на теренот на Рома, Американецот Мајкл Бредли.

Најнови вести