Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2014

Просинечки веќе не е тренер на Кајсериспор

Просинечки поради лошите резултати се раздели со раководството на клубот, а соработката е договорно раскината.

Роберт Просинечки веќе не е тренер на турскиот Кајсериспор! Хрватскиот стручњак поради лошите резултати се раздели со раководството на клубот, а соработката е договорно раскината, стои на официјалната интернет-страница на Кајсериспор.
Просинечки во Кајсериспор беше речиси година и пол. Клубот со него минатата сезона нижеше одлични резултати и на крајот заврши на петтото место на турското првенство.
Но, оваа сезона им оди катастрофално, поради што Просинечки неодамна веќе понуди оставка, а клубот ја одби. Бидејќи не дојде до подобрување во играта, двете страни одлучија дека најдобро решение е раскинување на договорот.
Кајсериспор по 17 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место на табелата на лигата само со две победи.