Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2013

Оставка на Просинечки, му пресуди земјакот

Роберт Просинечки веќе не е тренер на Кајсериспор. Поранешниот играч и шеф на стручниот штаб на Црвена ѕвезда поднесе оставка по поразот на свој терен од Бешикташ (3-0).

Интересно е тоа што крајот на Роберт на клупата на Кајсериспор уследи по дуелот со Славен Билиќ, кому до декември 2010 година му беше асистент во репрезентацијата на Хрватска.
Просинечки со Кајсериспор оваа сезона имаше лоши резултати, по 11 кола клубот се наоѓа на последната позиција само со шест бодови. Минатата сезона клубот на хрватскиот стручњак беше на петтото место и за три бода не успеа да се пласира на европската сцена.
Кајсериспор веќе седми пат изгуби оваа сезона, како и четврти пат во последните пет натпревари.
„Веднаш по завршувањето на натпреварот го побарав главниот менаџер Сулејман Хурма и му реков дека се повлекувам“, изјави Роберт Просинечки по натпреварот со Бешикташ.