Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2013

Просинечки сепак останува на клупата на Кајсериспор

Хрватскиот тренер по низата лоши резултати поднесе оставка, но управата на клубот го убеди да остане на турскиот прволигаш.

Роберт Просинечки и понатаму ќе го води Кајсериспор. Хрватскиот тренер по низата лоши резултати поднесе оставка од морални причини, во вторникот вечерта се чинеше дека нема да попушти, но управата на клубот го убеди да остане.
„Јасно е дека резултатите кои ги имавме во последно време ги разочараа навивачите и ја изненадија фудбалската јавност, но силната конструкција на клубот е повеќе од доволна за добри резултати кои ќе ги усреќат навивачите. Земајќи го предвид сето споменато, фудбалското семејство кое го чини целиот овој град, вклучувајќи го претседателот, членовите на управата и играчите, одбија да си замине тренерот. Задоволство ни е да соопштиме дека Просинечки останува на својата функција“, стои во соопштението за јавноста на Кајсериспор.
Минатата сезона Просинечки го одведе Кајсериспор до петтото место на турското првенство, а оваа сезона се наоѓа на последното место. Во 11 натпревари освои само шест бодови, но и покрај тоа навивачите во Турција и понатаму го сакаат.