01.8.2011 Амаури цел на Марсеј
Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло и член на Јувентус, Амаури, би можел кариерата да ја продолжи во Марсеј.
Џанпјеро Почера, агнетот на играчот, изјави дека француската екипа е
сериозно заинтересирана за неговиот клиент. Францускиот гигант сака да го
засили својот напад, а во прв план беше фудбалерот на Фиорентина, Алберто
Џилардино, но сега вниманието е насочено кој триесет и едногодишниот играч на
„старата дама“.
„Марсеј е еден од многуте екипи кои се заинтересирани за него. Тие се
распрашуваа за Амаури и би можеле да очекуваме и конкретна понуда“ – рече
Почета.
Амаури има договор со Јувентус до 2012 година, а се очекува ова лето да ја
смени средината, а за него интерес покажаа уште Парма, Фламенго и Палермо.