Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2013

Јакобс нов тренер на Валенсиен

Францускиот Валенсиен за нов тренер го именува Белгиецот Ариел Јакобс, соопшти клубот на својата официјална интернет-страница.

Јакобс на клупата на Валенсиен ќе го замени Даниел Санчез, кој минатата седмица доби отказ поради лошите резултати на екипата.
Валенсиен по девет одиграни кола се наоѓа на последното место во француската Лига 1 само со четири освоени бодови.
Јакобс во кариерата беше тренер на: Лувиер, Моленбек, Мускрон, Андерлехт и Копенхаген.