06.6.2011 Монтање нов тренер на Реал Сосиедад
Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад официјално потврди дека францускиот стручњак Филип Монтање е новиот тренер на клубот.
Французинот во Баскија
доаѓа од францускиот лигаш Валенсиен, а потпиша двегодишен договор. Реал
Сосиедад за неговите услуги плати отштета од 500.000 евра затоа што тренерот
беше обврзан со договор кон стариот клуб на уште една година.
На клупата го наследува
Мартин Ласарт, а ова му е трет тренерски ангажман во кариерата, по Булоњ и веќе
споменатиот Валенсиен.