Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2015

Сакристан нов тренер на Реал Сосиедад

Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона Б, Еузебио Сакристан, е нов тренер на Реал Сосиедад, објави баскијскиот клуб.

Сакристан потпиша договор на две и пол години, а во Сосиедад ќе го наследи Дејвид Мојс, кој доби отказ по четирите порази на последните пет натпревари.
Овој 51-годишен стручњак во Сан Себастијан доаѓа откако веќе четири години беше тренер на вториот тим  на Барселона, ја водеше и Селта, а едно време беше помошник на Франк Рајкард во каталонскиот клуб.
Еузебио во текот на фудбалската кариера за седум сезони на „Камп ноу“освои четири титули во Примера лигата, Купот на шампионите, Купот на куповите, УЕФА Суперкупот и три национални Супер купови. Фудбалерите на Реал Сосиедад се наоѓаат на 16-тото место на табелата на шпанското првенство со девет бодови.

Најнови вести