Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2013

Алжирската ѕвезда од Валенсиен го засили Марсеј

Францускиот прволигаш Марсеј го обезбеди потписот на Алжирецот Фуед Кадир од Валенсиен кој сезонава за својот клуб постигна шест гола, а седумпати асистираше.

Марсеј го доведе дваесет и деветгодишниот Кадир за само пола милион евра затоа што договорот на Алжирецот истекувал на крајот на оваа сезона, па клубот од „Велодром“ не мораше да плати голема сума за неговиот трансфер.
„Фуед Кадир веќе тренираше со првиот состав на Марсеј, а во јануари привремено ќе го напушти клубот поради настап за Алжир на Африканскиот куп на нации“, се вели во соопштението на официјалната интернет страница на Марсеј.
Алжирскиот репрезентативец досега има настапувано за Кан и за Амиен, а во француското првенство досега постигнал 30 голови.
Марсеј во моментов е на третото место на првенствената табела со ист број бодови, но послаба гол разлика од првопласираниот ПСЖ и второпласираниот Лион.

Најнови вести