Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2013

Хејнкес или Хидинк ќе го заменат Терим

Јуп Хејнкес и Хус Хидинк се најсериозни кандидати за местото тренер на Галатасарај по отказот што го доби Фатих Терим, пишуваат турските медиуми.

Како што наведува весникот „Акшам“, управата на клубот на клупата го сака Хејнкес, кој минатата сезона доминираше со Баерн Минхен, а на позицијата технички директор го пикира Мустафа Денизли, кој ги има предводено сите три најсилни турски клубови – Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.
Весникот „Хуриет“ шпекулира со четири имиња – Хејнкес, Хидинк, но и романскиот стручњак Мирчеа Луческу и Роберто Манчини.
Терим моментно е и селектор на репрезентацијата на Турција, а отказот го доби во вторникот.

Најнови вести