Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2013

Интер го претстави новиот тренер Мацари

Италијанскиот фудбалски гигант Интер од Милано на прес-конференција и официјално го претстави новиот тренер Валтер Мацари, кој го наследи Андреа Страмачони.

„Интер мора повторно да стане конкурентен, да се бори и да се натпреварува. Не знам никакви тајни. Во 12-те години менаџирање работите ги базирав на почитување на правилата и меѓусебно почитување. Успехот е базиран на посветување внимание на деталите, напорната работа и жртвувањето“, изјави, меѓу останатото, 51-годишниот стручњак.
„Во денешниот фудбал мора да бидете многу физички и ментално подготвени. За мене тренингот е свет и не смее да се пропушта. Мислам дека мораме напорно да поработиме и на самодовербата, гледајќи како заврши минатата сезона. Интер мора да биде подобар од минатата сезона бидејќи екипата ќе биде подобра“, додаде неодамнешниот тренер на Наполи, по сезоната во која „нераѕурите“ завршија дури деветти во Серија А.
За посакуваните засилувања во летниот преоден рок Мацари не сакаше конкретно да зборува.
„Нема да расправам околу пазарот со медиумите, тоа ќе го направам со клубот. Во средата вечерта до полноќ разговаравме околу играчите. Сакам 22 играчи на претсезонскиот тренинг. Сакам по двајца играчи на секоја позиција и плус неколку млади момчиња.

Најнови вести