Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2013

Морати: Можно е да се врати Манчини

Масимо Морати, претседателот на Интер, навести дека тренерот Роберто Манчини може да се врати во тој фудбалски клуб.

Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека е договорена соработка со Валтер Мацари, поранешниот тренер на Наполи.
„Дали доаѓањето на Манчини е опција? Во фудбалот сè е можно“, изјави Морати и истакна дека управата сè уште не донесла одлука за тоа дали Страмачони ќе остане во клубот.
„Нераѕурите“ сезоната ја завршија на деветтото место на табелата и следната сезона нема да играат во европските натпреварувања, поради што медиумите шпекулираат дека управата можно е да го отпушти тренерот Андреа Страмачони и да го врати Роберто Манчини.
„Немаме што да соопштиме. Знам дека тој не се чувствува добро, сега е крајот на сезоната и е вистинско време да се одмори. Немам никаква важна информација да соопштам“, изјави Морати.
Манчини, кој од 2004 до 2008 година освои три последователни титули со Интер, е отпуштен на почетокот на месецот од Манчестер сити бидејќи екипата не ги исполни зацртаните цели пред почетокот на сезоната.
Исто така, Морати демантираше дека управата договорила соработка со Валтер Мацари, поранешниот тренер на Наполи.
„Дали Мацари ќе потпише за Интер? Таа шпекулација кружи, но не е вистина“, додаде Морати.
Мацари неодамна соопшти дека ќе го напушти Наполи, по добрата сезона и освојувањето на второто место во Серија А.

Најнови вести