Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2013

Гатузо доби отказ во Сион

Швајцарскиот клуб Сион го отпушти тренерот Џенаро Гатузо по поразот од 5-0 во првенствениот натпревар со Сент Гален одигран минатата сабота.

Гатузо на оваа функција ќе биде заменет од досегашниот тренер на младиот тим на Сион, Мишел Декастел.
Бидејќи Гатузо во претходниот период ја извршуваше функцијата тренер-играч, останува да се види дали некогашниот репрезентативец на Италија сепак ќе остане во клубот како играч.
Покрај Гатузо, сметката за лошите партии ја платија и осуммина играчи, кои се префрлени од првиот во младинскиот тим. Клубот сè уште нема соопштено за кои играчи станува збор.
Екипата на Сион моментно се наоѓа на петтото место на табелата на шампионатот на Швајцарија.
Кристијан Константин, претседателот на Сион, инаку е познат како човек кој често ги менува тренерите, а од 2002 година екипата ја воделе 30 различни стручњаци, а сезонава ова е петта тренерска смена. Тој дури во два наврати и себеси се именуваше за тренер.

Најнови вести