11.7.2011 Интер го купува Жонатан Мореира
Интер од Милан наскоро ќе донесе засилување од бразилскиот Сантос, тврди Јеики Тадик, агентот на играчот.
Станува збор за Жонатан
Мореира, 25-годишен Бразилец, одбранбен играч од Сантос, кого Интер го следи во
последните недели, а сега изгледа е сосема блиску и до реализација.
„Сè уште ништо не
е потпишано, но мислам дека 95 отсто работата е завршена“, рече агентот Тадик.
Мореира кариерата
ја почна 2005 година во Крузеиро, а минатата сезона премина во Сантос. Но, како
што стојат работите, се чини дека во тој клуб ќе се задржи релативно кратко
време.