Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2013

Паласио се повреди на тренинг

Родриго Паласио на вчерашниот попладневен тренинг повреди мускул на десната нога, по што сè уште не се знае колку долго ќе отсуствува од составот на „неро-аѕурите“.

Триесет и едногодишниот Паласио оваа сезона е најдобар стрелец на клубот со 12 голови, а игра во извонредна форма во последно време и ги постигна последните пет голови за Интер во домашното првенство.
Најоптимистична прогноза е дека ќе изостанува само овој викенд, на домашниот натпревар на Интер против Аталанта, а најлошите предвидувања се дека пред него е пауза од цел месец.
Денеска Паласио ќе биде подложен на целосни прегледи на болниот дел од ногата, по што ќе биде извесно колку долго ќе паузира.
Ова е многу лоша вест за Интер кој во финишот на сезоната брка едно од позициите во Серија А која ќе му обезбеди пласман во европските натпреварувања следната сезона (Лигата на шампиони или Лигата на Европа).
Тренерот Андреа Страмачони веќе подолго време не може да смета ниту на другиот аргентински напаѓач Диего Милито, кој подолго време е надвор од составот, па му останува само Антонио Касано како единствен искусен шпиц.

Најнови вести